Скопје од денеска е новата дестинација на авиокомпанијата Флај Дубаи од Обединетите Арапски Емирати. Флај Дубаи два пати неделно ќе остварува директни летови на релација Дубаи - Скопје и обратно со цени почнувајќи од 490 евра. Линијата кон Скопје уште подлабоко ја илустрира посветеноста на Флај Дубаи при проширувањето на врските од Блискиот Исток до нови дестинации со кои историски не постоеја доволен број директни авиоконекции до Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Македонија низ светот има значителна иселеничка популација што сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи. Летовите за Дубаи ќе се реализираат двапати неделно (во понеделник и во четврток). Летот со ознака ФЗ792 ќе полетува од аеродромот "Александар Велики" во 13.25 часот, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време.
Скопје од денеска е новата дестинација на авиокомпанијата Флај Дубаи од Обединетите Арапски Емирати. Флај Дубаи два пати неделно ќе остварува директни летови на релација Дубаи - Скопје и обратно со цени почнувајќи од 490 евра.
- Линијата кон Скопје уште подлабоко ја илустрира посветеноста на Флај Дубаи при проширувањето на врските од Блискиот Исток до нови дестинации со кои историски не постоеја доволен број директни авиоконекции до Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, Македонија низ светот има значителна иселеничка популација што сега ќе може почесто да ги посетува своите пријатели и семејства благодарение на врските преку нашиот транспортен центар во Дубаи - истакнува првиот човек на Флај Дубаи, Гаит ал Гаит кој со поголема делегација од компанијата и новинари во понеделник пристигнува во Скопје.
Летовите за Дубаи ќе се реализираат двапати неделно (во понеделник и во четврток). Летот со ознака ФЗ792 ќе полетува од аеродромот "Александар Велики" во 13.25 часот, а ќе пристигнува во Дубаи во 20.35 по локално време. Повратниот лет со ознака ФЗ791 е закажан да го напушти вториот терминал на меѓународниот аеродром во Дубаи во 9.15 часот, а да слета во Скопје во 12.40 часот по локално време.
"Флај Дубаи" работи според едноставен модел што на купувачите им овозможува да плаќаат за услуги што сакаат да ги добијат. Цените на билетите ги вклучуваат сите такси плус едно парче рачен багаж до седум килограми и еден мал лаптоп или торба, како и пријавен багаж до 20 килограми. За седиште со дополнителен простор за нозете се доплаќа 21 евро. Во леталото патниците можат да изберат од долгата листа понуди што вклучува пакети за забава во текот на летот, разновидно мени со освежувачки пијалаци и производи што не подлежат на царина.
Билети за летовите меѓу Скопје и Дубаи можат да се купат од официјалната интернет-страница на компанијата (њњњ.флѕдубаи.цом), преку травел-партнерите или од телефонскиот центар (+3892-3211-133) што почна со работа на 15 јуни 2012 година. Детали за изнајмувањето автомобили преку авиопревозникот, исто така, се достапни на интернет-страницата.